X
 20.05.2019 Наука

По 130 години - од денеска килограмот нема да биде тоа што беше

Последните 130 години килограмот како единица мерка бил дефиниран со физички цилиндар направен од легура на платина и иридиум, кој се чува во Меѓународното биро за тегови и мерки во Франција.

Но, секојпат кога научниците го земале овој цилиндар во рацете, тој губел атоми, па се проценува дека сега е 50 микорграми полесен отколку кога бил направен.

Затоа, научната заедница едногласно ја усвоила новата дефиниција за килограм, што треба да стапи во сила токму денеска. Од денеска килограмот официјално ќе се мери како физичка константа наречена Планкова константа. Оваа константа го изразува односот во квантната физика помеѓу енергијата и фреквенцијата на честички.

Новата дефиниција беше добиена со помош на уред што се вика Киблов механизам, кој со помош на Планковата константа ја одредува масата на објектот со употреба на прецизно измерени електромагнетни сили.

Оваа одлука има историско значење за научната заедница, но во практика и секојдневната примена нема да има никакви промени.

Килограмот од 1889 година е дефиниран со сјајното парче платина и иридиум. Сите современи единици на маса се изведуваат од него - од микрограми за лекови до килограм јаболка и круши, како и тон челик или цемент.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука