X
 01.12.2017 Наука

Еден ден графенот може да го напојува светот

1
Фото: Shutterstock

Графенот е лист од индивидуални јаглеродни атоми наредени во форма на жица, како шаблон. Станува збор за електричен дводимензионален објект во кој неговите носители на полнеж - неговите електрони - се способни да се движат во две насоки. Но има мал трик со кој се добива трета димензија: Брауново движење, односно континуирани, ситни, случајни движења во неговите атоми, што на крајот предизвикуваат листот да се бранува нагоре и надолу. Тим од физичари од Универзитетот во Арканзас, предводен од Пол Тибадо, открива дека е можно да се добие енергија од бранувањето на графинот како бесконечен извор на чиста енергија.

Брауновото движење првпат било откриено во 1827 година и како природен феномен ги заинтересирало научниците, па се прашувале дали постои начин да се искористи неговата енергија.

Тибадо и неговите ученици го мереле движењето на листовите од графен, поставени на бакарна мрежа за поддршка. Мерењата немале никаква смисла - секое набљудување произвело различни податоци.

„Студентите сметаа дека нема да научиме ништо корисно, но јас помислив дека прашањето ни е премногу едноставно“, вели Тибадо. Затоа, тие почнале да ги проучуваат мерењата во помали и во помали парчиња, сѐ додека не стигнале до еден единствен бран, при што работите започнале да имаат логика.

Кога тие ги доведоа мерењата до една точка, забележаа: мало Брауново движење комбинирано со поголеми координирани движења, комбинација позната како полет на Леви, што предизвикува листот да се превртува горе-долу во бранови, слично како движењето произведено со флексирање на тенок лим од метал. Ова било првпат да се забележи на атомска скала.

Токму ова бил клучот за користење на движењето на 2Д-материјалите како извор на енергија што може да се собере. За разлика од другите индивидуални атоми што се движат по случаен избор, атомите на јаглерод во графенот остануваат поврзани во нивниот слој и на тој начин се движат заедно, со што се овозможува енергијата од овие бранувања да биде „фатена“ со користење на нанотехнологија.

За ова, Тибадо го измислил „Vibration Energy Harvester“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука