X
 17.11.2017 Култура

Како Владимир Путин ги промени Русија и светот?

Пред претседателските избори во 2000 година Владимир Путин за Би-би-си изјавил дека Русија е дел од европската култура и не може да се исклучи можноста за нејзино приклучување во НАТО.

„Не можам да замислам мојата држава да е изолирана од Европа и од она што го нарекуваме цивилизиран свет“, изјавил тогаш Путин. Путин денес слави 15 години владеење со Русија, која во овој период и тоа како ја променил. Денес Русија е под санкции од Америка и Европа, односно од оној „цивилизиран свет“ што тој го споменувал, додека Путин, и покрај економската стагнација, ужива најголема поддршка од жителите во споредба со другите лидери на Русија. Во истражување спроведено во февруари минатата година, дури 86 отсто од Русите изјавиле дека го поддржуваат Путин. Без разлика дали го сакате или не, не може да се негира дека Путин имал големо влијание врз својата држава и светот.

1. Украина, Грузија и блиското соседство


Блиското соседство на Русија, во 15 години владеење на Путин, станало поблиско. Украинскиот конфликт ги поткопа односите помеѓу Русија и западните сили, но тоа може да се смета само за последен пример како Путин ги реализира руските „права“ во блиското соседство. Оние што се зачудија од спојувањето на Крим и поддршката од сепаратистите во Украина треба само да се присетат дека рускиот претседател ја поставил „Доктрината на Путин“ уште пред шест години во Грузија. Таа звучи вака: „Русија нема да се двоуми да ја искористи војската за да ги заштити интересите на соседството каде што сака да се прошири НАТО“.

2. Конфликтот со НАТО


Под Борис Елцин, Русија развивала соработка со НАТО. Ова Путин го променил со своето доаѓање на власт. Уште од почетокот инсистирал дека ширењето на овој сојуз на исток претставува закана за Русија. Во последно време тоа се покажува и на воен план бидејќи се почести се нападите на руските авиони во воздушниот простор на членките на НАТО и другите држави.

3. Автократија

Откако стапи на власт, Путин се обидува да ја зајакне својата моќ и да присвои уште поголема моќ. Во 2004 година потпиша закон во кој пишувало дека претседателот ги избира регионалните гувернери. Замената со Дмитриј Медведев му овозможила да се врати на претседателската позиција во 2012 година. Во меѓувреме и парламентот, кој е под влијание на Путин, го продолжил претседателскиот мандат од четири на шест години. Путин изјави дека не ја исклучува можноста за кандидатура во 2018 година, а ако победи и остане цел мандат, тој ќе биде подолго на власт и од Леонид Брежнев и од Сталин.

4. Култна личност


За разлика од Борис Елцин, Путин себеси се претставува како мачо-маж и вистински човек за народот, јавајќи коњ без кошула. Исто така, се претставува како човек од акција.

5. Економија


Кога ја презел должноста, Русија сè уште ги чувствувала последиците од катастрофалните реформи на пазарот од 90-тите години и финансиската криза од 1998 година. Неговиот економски план вклучувал намалување на даноците за зајакнување на економијата и ренационализација на клучните сектори. Во „економскиот бум“ му помогнале и неискористените производствени капацитети и растот на цените на нафтата, главниот руски извозен производ. Но економската криза го запрела растот во првите години. 7 отсто од растот на БДП на крајот од првиот мандат паднал на 0,6 отсто во 2014 година, а земјата оваа година треба да влезе во рецесија.

6. Раст на населението


Кога Путин застанал на чело на Русија, земјата се соочувала со опаѓање на бројот на жители. До моментот на падот на СССР, земјата имала 150 милиони луѓе. На самиот почеток на мандатот на Путин бројот се намалил за речиси еден милион годишно. Но во 2010 година трендот се променил и сега бројот на жители почнал да расте. Причините се од економска природа. Русите имаат повеќе пари, па полесно се одлучуваат за деца. Во Русија денес живеат 146 милиони луѓе, додека во 2008 имало 142 милиони.

7. Насочување кон Азија


Во последниве години Путин се насочи кон економска и воена соработка со азиските земји, чија растечка економија има потреба од руската енергија, а владите не помалку обрнуваат внимание на човековите права. Минатата година Путин потпишал два договора за снабдување со гас - едниот од нив вредел 400 милиони долари.

8. Задушување на немирите


Со затворањето на нафтениот тајкун Михаил Ходорковски и со убиствата на неколку угледни опозиционери Русија стана држава во која дисидентските гласови не се добредојдени. Но клучниот момент беше брзата реакција на Путин по маршот на протести во 2011 и 2012 година на улиците на Москва. Веднаш биле покренати обвиненија против Алексеј Навалал и 27 демонстранти што протестирале во мај 2012 година. Откако се врати на власт во 2012 година, тој ја зголеми казната за демонстрантите, а опозициските лидери ги нарече предавници и петта колона што ја поткопува стабилноста на земјата.

9. Морални вредности


Третиот мандат Путин го искористил за воведување закони што сакаат да ја прикажат Русија како бастион на традиционалните морални вредности. Најпознат пример е забраната за хомосексуална пропаганда воведена во 2013 година.

10. Мултиполарен свет

Визијата на Путин за надворешната политика е борба против западната хегемонија, а заедно со Кина сака да создаде рамнотежа во воената и политичката моќ. Додека може да тврди дека имал право во борбата против Америка, кога станува збор за војната во Ирак и Авганистан, тешко може да се каже истото кога станува збор за поддршката на сирискиот претседател Башар ал Асад. Но неговата политика има и конструктивна страна, како што е работење со другите сили на враќање на Иран на меѓународната сцена и намалување на количината на нуклеарно оружје.

11. Лондон


Со Путин на власт, односите меѓу Русија и Велика Британија дојдоа до интересен парадокс. Додека официјално односите се на ниско ниво поради шпионажа и убиство, рекорден број Руси трошат пари на Запад, а Лондон им е омилениот „втор дом“. Олигарсите во Лондон купуваат фудбалски клубови, а од друга страна главниот град на Англија е и место каде што се собираат оние што сакаат да го симнат од власт Путин.

12. Големи спортски настани


Триумф на Путин беа добро организираните Зимски олимписки игри во Сочи во 2014 година. Исто така, тука е и организацијата на трката Формула 1, а во 2018 година Русија ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство, со што Путин ќе ја покаже моќта на државата и нејзината важност во светот.

13. Корупција

И покрај силната државна кампања против корупцијата, Путин не успеа да ја искорени. Во 2014 година Русија се најде на 136. место од вкупно 175 држави според индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешнл“.

14. Војска


Путин наследи армија што не ја исполнувала својата цел. Во текот на неговиот втор мандат тој почнал реформа за модернизирање по победата во грузиската војна. Сега Русија го троши поголемиот процент од БДП во одбрана од Америка, а за таа цел во 2014 година издвои 81 милијарда долари.

15. Нова пропаганда


На чело на државната информативна агенција „Русија севдоња“, Путин го назначи Димитри Кисељов, телевизиски водител познат по своите антиамерикански теории на заговор. На оваа позиција Кисељов го надгледувал ширењето на „Спутник њус“ и „Русија денес“, кои се главен извор на информации од Кремљ во странските држави. Додека медиумите финансирани од државни пари не се ништо ново на медиумската сцена, руските нови пропагандистички медиуми често се критикувани поради своите новинарски стандарди.

Автор: Ивица Кристовиќ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура