„Заха Хадид Архитектс“ е архитектонска фирма која ја трансформираше современата архитектура. Основана од Заха Хадид, главната цел на фирмата во последните четири години е да ја продолжи визијата на покојната архитектка. Фирмата работи на секакви проекти, од културни локации до инсталации и мебел. Во своето портфолио, фирмата има речиси 1.000 проекти. Судејќи според некои од
најновите проекти на фирмата, делото на Заха Хадид ќе се цени уште долго.
Истражувачки центар за нафта на кралот Абдула, Ријад, Саудиска Арабија
Станува збор за непрофитна институција за истражување на најефикаснкото користење на нафтата. Кампусот голем 70.000 квадратни метри вклучува пет згради, меѓу кои и конференциска сала и библиотека.
Фото: Истражувачки центар за нафта на кралот Абдул/
Zaha Hadid
Меѓународен аеродром во Даксин, Пекинг, Кина
Терминалот од 700.000 квадратни метри вклучува транспортен центар кој е поврзан со Пекинг, но и со националната железница. Аеродромот претставува регионален центар.
Кула „Џенерали“, Милано, Италија
Кулата се наоѓа во рамки на јавен парк во Милано. Зградата е поврзана со плоштадите и паркот околу неа.
Стадион „Ал Џануб“, Катар
Ова е првиот стадион одбран за престојното светско првенство во фудбал во Катар во 2022. Фирмата на Заха Хадид го дизајнирала стадионот заедно со „Аеком“.
Шеталиште на реката Елба, Хамбург, Германија
Шеталиштето се наоѓа во делот Нидерхафен во Хамбург. Тоа е долго 625 метри.
Кула „Лиза СОХО“, Пекинг, Кина
Кулата има 45 катови и се користи од мали и средно големи претпријатија. Таа се наоѓа во бизнис-делот од Пекинг.
Шопинг-центар „Сити Лајф“, Милано, Италија
Шопинг-центарот вклучува парк со внатрешни и надворешни плоштади, ресторани, кафулиња, продавници и кино. Центарот е голем 32.000 квадратни метри.
Меѓународен центар за култура и уметност „Чангша Меишиху“, Чангша, Кина
Во рамки на центарот има музеј за современа уметност, театар со 1.800 седишта и сала. Центарот се наоѓа веднаш до езерото Меиши.
Фото: Меѓународен центар за култура и уметност „Чангша Меишиху“
/Zaha Hadid
„Илјада музеи“, Мајами, Флорида
Станува збор за кула од 62 ката која се наоѓа до еден од централните паркови во Мајами и има поглед на новите уметнички и научни музеи во градот.
Хотел „Опус“ во Дубаи, ОАЕ
Хотелот „Опус“ се наоѓа во близина на највисоката зграда во светот. Фирмата на Заха Хадид го претставила дизајнот за хотелот во 2007, а тоа е единствениот хотел во кој Хадид ги дизајнирала надворешниот и внатрешниот изглед.
Автор: Ерик Болдвин
Извор:
architizer.com