X
 15.02.2021 Технологија

Куќа-сончоглед - се движи кон сонцето и произведува повеќе електрична енергија

Белег на модернизмот во 20 век беше идејата дека формата ја следи функцијата. Сега, архитектот Коичи Такада ги предизвикува дизајнерите да создадат ново архитектонско движење насочено кон еколошката одговорност.

Тој верува дека во овој нов стил „формата ја следи природата“. Неговата куќа-сончоглед одговара на овој повик како куќа дизајнирана да создаде своја енергија. Куќата била нарачана од компанијата „Блумберг грин“ со цел да се исполнат стандардите за позелена иднина за Европа. Домот е инспириран од сончогледите во Умбрија, Централна Италија, не само естетски, туку и функционално.

Такада објаснува дека дизајнерите и архитектите зборуваат за црпење инспирација од природата во естетска смисла, но мора да се оди многу подлабоко од тоа. Оваа визуелна инспирација е една форма на биомимика, каде што луѓето дизајнираат згради или простори за да изгледаат како нешто што се наоѓа во природа. Такада верува дека не смееме да ја користиме биомимиката за површно да ја репродуцираме природата само поради нејзината убавина, туку мора да ги репродуцираме и нејзините еколошки придобивки.

1

- Не станува збор само за тоа дека зградата ќе изгледа природно, туку треба да се создадат позитивни промени во животната средина во домовите во кои живееме, населбите каде што работиме и играме и на крај, планетата на која имаме привилегија да живееме - вели тој.

Куќата-сончоглед ја тестира еколошката теорија за формата следејќи ги природата и функционалните употреби на биомимиката. Куќата е како сончоглед, така што се врти кон сонцето за да собере сончева енергија. Оваа логика заснована на сончоглед им овозможува на панелите да произведуваат 40 отсто енергија повеќе отколку ако останат в место.

Ова значи дека зградите произведуваат повеќе енергија отколку што користат и можат повторно да ја напојуваат електричната мрежа. Другите одржливи карактеристики се: собирање дождовница, природна вентилација и ротирачки фасаден систем.

kuka

Секоја куќа може да има три нивоа со станови со две до три спални. Шемата покажува како би изгледала зелената заедница и како можеме да бидеме помалку нападни во нашето опкружување. Такада нè потсетува дека климатските промени мора да бидат катализатор за позитивни промени, почнувајќи од нашите скромни домови. За иднината на планетата, мора да преминеме од индустриско во природно. Потребна ни е кинетичка, жива архитектура што ја почитува животната средина, а истовремено ја подобрува благосостојбата на луѓето што живеат во неа.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Koichi Takada Architects | Doug and Wolf
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија