За нас луѓето, брзината на светлината е толку брза што изгледа миговна.
Но, мало одзумирање и станува јасно како дури и со брзината на светлината - теоретската брзинска граница на универзумот - патување низ космосот станува бавно пробивање.
Планетарниот научник од јапонската Агенција за истражување на воздушниот простор, Џејмс О'Донохју, решил да го прикаже во нова анимација.
Во анимацијата Џејмс почнува со покажување колку брзо светлината трепка покрај Земјата: пулс на светлина кој излегува од планетата за помалку од секунда минува низ екранот.
Но, кога ќе се одзумира, може да се види дека на истата светлина ѝ е потребно малку повеќе време за да стаса до Месечината. Ако се одзумира уште повеќе, може да се види дека се потребни дури три минути за истите пулсирања да стасаат до Марс.
За среќа, не не носи подалеку од ова.
Погледнете како изгледа сето тоа.