X
 06.02.2017 Технологија

Компјутерска анимација од 1964 година многу слична како и сегашните

Интересно е тоа што речиси на ист начин може да се постигнат истите ефекти и сега со модерна алатка за компјутерска анимација.


Анимацијата „BELFIX“ е креирана од пионерот на компјутерската графика Кен Нолтон и се смета дека е првиот компјутерски анимациски јазик. „BELFIX“ е базиран на манипулација од 184 x 252 пикселни фрејмови. Секој пиксел има длабочина од три бита кои се способни да презентираат осум различни нијанси на сиво. Компјутерскиот јазик е направен со примитивни операции како читање/пишување пиксели, пополнување форми и сл. Заради неговите ограничени математички способности, Нолтон го комбинирал со „FORTRAN“. Неколку години подоцна го презентирал „EXPLOR“, јазик за креирање модели основани на рандомизација.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија