Патот низ партитурата на Петтата симфонија ја следи судбината на јунакот што на санката се движи низ системот со ноти.
- Работев три месеци. Анимацијата не ја покрива целата симфонија. Мислам дека мојата психа не би издржала ако ја завршев - изјави авторот Марк Робинс. „
Дудл Хеос“ е канал што го води Робинс.
Како што вели, не постојат две пооддалечени работи од интернетот и класичната музика. Тој успеал да ги спои и неговите содржини сега ги следат милион луѓе.
Марк ја користи онлајн-апликацијата „Лајн Рајдер“ за креирање на своите видеа. Оваа апликација овозможува да се направи видео цртајќи по линиите по кои поминува детенце на санките. Звучи едноставно, но не е.
Во секој случај, не е само анимацијата она што е феноменално во Петтата симфонија, туку драматуршкиот тек на целата приказна што ја измислил Марк.