Додека растеме, на училиште учиме историја, наука и математика. Но, повеќето од нас не учат како да ги идентификуваат или како да се справат со сопствените емоции или емоциите на другите. Овие вештини може да бидат корисни, но тие никогаш нема да ви ги кажат на училиште.
Емоционалната интелигенција е она што психолошките истражувачи го користат за да опишат колку добро индивидуалците можат да управуваат со сопствените емоции и да реагираат на емоциите на другите. Луѓето кои покажуваат емоционална интелигенција имаат повеќе вештини потребни во животот како што е управување со конфликти, читање и одговарање на потребите на другите и контролирањето на сопствените емоции. Во продолжение ќе откриете што е емоционалната интелигенција и како вие можете да ја развиете.
Што е емоционалната интелигенција?
Мерењето на
емоционалната интелигенција е релативно нова во областа на психологијата. За прв пат започнала да се истражува во средината на 80-тите години. Во моментот се развиваат неколку модели, а во продолжение е таканаречениот „мешан модел“, развиен од страна на психологот Даниел Голман. Мешаниот модел нуди пет клучни области:
Самосвест - Тука е вклучено вашето знаење за сопствените чувства и точната проценка за што сте способни, кога ви треба помош и кои се вашите емоционални предизвикувачи.
Самоуправување - Ова ја вклучува способноста да ги задржите вашите емоции под контрола за време на испади. Самоуправувањето ја вклучува способноста да ги контролирате испадите, спокојно да разговарате за несогласувањата и да избегнувате активности како што е самосожалувањетто и паниката.
Мотивација - Секој е мотивиран од страна на одредена награда како што се парите или статусот. Моделот на Голман се однесува на мотивацијата за доброто на личната радост, љубопитноста и задоволството од вашата продуктивност.
Емпатија - Додека првите три категории се однесуваат на внатрешните емоции на една личност, оваа категорија се занимава со емоциите на другите. Емпатијата е вештина и практика за читање на емоциите на другите и соодветно реагирање.
Социјални вештини - Оваа категорија вклучува примена на емпатијата како и преговарање на потребите на другите во однос на своите. Ова може да вклучува пронаоѓање на заедничка основа со другите, управување со другите во работна средина и способноста да бидете убедливи.
Како да ги подобрите овие области?
Самосвест
Пред да можете да направите нешто друго, треба да знаете кои се вашите емоции. За подобрување на вашата самосвест е првиот чекор кон идентификување на било каков проблем со кој се соочувате. Ова се само некои од начините за подобрување на вашата самосвест.
Водете дневник - Во дневникот запишувајте ги сите ваши чувства. На крајот на денот запишете што ви се случило, како сте се чувствувале и како да се справите со нив. Од време на време, ѕирнете во дневникот и видете кога сте претерале со реакциите за нешто.
Побарајте помош од другите - Кога се справувате со перцепцијата за себеси, помошта од другите може да биде непроценлива. Обидете се да побарате од луѓето да откријат кои се вашите предности и слабости. Запишете го она што тие го кажуваат и споредете.
Медитирајте - Емоциите имаат навика да ја извлечат сета ваша контрола во моменти кога немате време да ги процесирате. Следниот пат кога ќе имате емоционална реакција за нешто, обидете се да паузирате пред да реагирате или одлучете се за медитација.
Самоуправување
Откако ќе знаете како функционираат вашите чувства, можете да започнете со барање начини како да се справите со нив. Правилното самоуправување значи контролирање на испадите, правење разлика помеѓу надворешни дразби и внатрешно претерување со реагирањето и правење она што е најдобро за вашите потреби.
Еден клучен начин за управување со сопствените чувства е да го промените вашиот сензорен влез. Веројатно знаете за оној стар совет: „Изброј до 10 кога си лут“.
Не секогаш можете да го исконтролирате она што ве прави да се чувствувате на одреден начин, но можете да контролирате како ќе реагирате. Ако имате проблеми со контролирањето на вашите испади, пронајдете начини за смирување. Не сите емоции можат да бидат испуштени од вас. Сепак, секогаш постои момент кога овие чувства се помалку интензивни. Искористете ги овие моменти за да побарате помош.
Мотивација
Кога зборуваме за мотивацијата во однос на емоционалната интелигенција, тоа не значи пронаоѓање на енергија за да одите на работа. Тука станува збор за внатрешниот порив да успеете во нешто.
Без разлика дали вашата цел е да изградите успешна кариера, да основате семејство или да создадете некој вид на уметност, постои нешто што сакате да направите со вашиот живот. Кога вашата мотивација работи за вас, тогаш се поврзува со реалноста преку материјални начини. Сакате да основате семејство? Мотивираните луѓе започнуваат да бараат партнер. Сакате да ја подобрите вашата кариера? Мотивираните луѓе се едуцираат себеси, аплицираат за нова работа.
Даниел Голман вели дека ако сакате да започнете да ја користите мотивацијата, мора прво да ги идентификувате сопствените вредности. Многумина од нас се толку зафатени што немаат време да откријат кои се овие вредности.
Емпатија
Вашите емоции се само една половина од вашите односи. Ова е половината на која најмногу се фокусирате, но тоа е така затоа што постојано сте во сопствено друштво. Сите други луѓе кои се важни за вас имаат сопствен сет на чувства, желби, предизвикувачи и стравови. Емпатијата е вашата најважна вештина за управување на вашите односи. Таа е доживотна вештина, а ова се неколку совети за нејзино практикување.
Замолчете и слушајте - Ова е најтешкиот и најважниот совет. Не можете да го искусите нечиј живот и целосно да ја сфатите личноста, меѓутоа можете да ја ислушате. Со слушањето на личноста ѝ покажувате дека ги ставате настрана вашите предрасуди и скептицизам накратко и ѝ дозволувате да објасни како се чувствува. Емпатијата е тешка вештина, но виртуелно секој однос може да се подобри со чекањето најмалку 10 секунди пред и вие да кажете нешто.
Обидете се да сфатите - Сфаќањето и разбирањето е клучот за емпатијата. Кога некој ви кажува за неговото искуство кое не сте го искусиле вие, оставете си малку време да размислите како вашиот живот би бил поразличен ако тоа ви се случувало вас.
По дефиниција, емпатијата значи „добивање“ на нечија емоционална нечистотија. Со тоа што им дозволувате на луѓето нивните искуства да резонираат со вашите и вашиот соодветен одговор, покажувате дека ја сфаќате емпатијата.
Социјални вештини
Како што Голман објаснува, вашите социјални вештини влијаат врз се', од вашата работа до вашиот емоционален живот. Социјалната компетентност зазема многу форми - не е само разговорот. Овие вештини и способности се движат од способноста да ги сфатите туѓите чувства и мисли до тоа да сте одличен соработник и тимски играч како и добар преговарач. Сите овие вештини се учат во текот на животот. Можеме да ги подобриме, но е потребно време, напор и упорност. Помага ако имате модел, некој кој ја отелотворува вештината која сакаме ние да ја подобриме. Ова се основните чекори за подобрување на вашите социјални вештини.
Идентификувајте се и справете се со вашите чувства - Кога и да имате расправија со друга личност, работите се загреваат. Оставете си простор да „оладите“, а потоа вратете се на проблемот.
Разговарајте за важните проблеми откако и двата ќе се смирите - Откако ќе размислите со „ладна глава“, откријте што е конфликтот. Пред да скокате до решенија, осигурајте се дека другата личност се согласува за тоа кои се вистинските проблеми. Предложете решение кое е корисно и за двајцата.