Кога првпат се појавил поимот емоционална интелигенција, служел како сврзувачко ткиво во необично откритие: дека луѓето со просечен IQ постигнуваат повеќе од оние со висок коефициент на интелигенција, дури за 70 отсто. Оваа „аномалија“ ги збунила повеќето што секогаш претпоставувале дека единствен извор на успех е висок IQ. Децении истражувања сега укажуваат дека емоционалната интелигенција е клучен фактор кој ги раздвојува исклучителните работници од „другата маса луѓе“.
Колкаво влијание има емоционалната интелигенција врз нашиот професионален успех? Накратко – големо! Тоа е моќен начин да ја насочите својата енергија во една насока, со сјајни резултати. Од сите луѓе што професионално се брилијантни, 90 % имаат
висок EQ (коефициент на емоционална интелигенција).
Емоционалната интелигенција е „нешто“ во сите нас што не можеме да го допреме. Тоа влијае на контролата на нашето однесување, на соочувањата во меѓучовечките односи и донесувањето одлуки кои најчесто постигнуваат позитивни резултати.
Што е тоа што луѓето со емоционална интелигенција ги прави различни од другите?
Тие се изненадувачки позитивни. Ако одредено време следите вести, ќе видите непрекинат круг несреќи, војни, пропаднати компании и еколошка криза. Лесно е да се заклучи дека светот се руши. Којзнае, можеби и навистина е така. Меѓутоа, емоционално интелигентните луѓе не се грижат за тоа бидејќи не допуштаат да ги загрижуваат нешта кои не можат да ги контролираат. Тие ја насочуваат нивната енергија на две нешта кои се под нивна надлежност: своето внимание и трудот.
Имаат исклучително голем емоционален вокабулар. Сите луѓе имаат емоции, но само некои можат прецизно да ги идентификуваат кога ќе се појават. Некои истражувања покажуваат дека само 36 отсто од луѓето можат да го направат тоа, што е проблем, бидејќи неидентификувањето на емоциите често погрешно се толкува. Сето тоа води до ирационален избор и контрапродуктивни акции. Луѓето со висока EQ господарат со нивните емоции бидејќи ги разбираат.
Имаат самодоверба. Луѓето со висок коефициент на емоционална интелигенција имаат добри манири, емпатија и добрина, заедно со способност да се постават себеси на вистинското место и да постава граници. Оваа комбинација е добра за решавање конфликти.
Простуваат, но не забораваат. Емоционално интелигентните луѓе живеат со мотото „Измами ме еднаш и ќе се посрамотиш, измами ме двапати и јас ќе се засрамам“. Тие простуваат за да ги задржат лошите чувства во себе, но никогаш не забораваат.
Нема да му допуштат никому да ја спречи нивната среќа. Кога
емоционално интелигентните луѓе се чувствуваат среќно, тие не допуштаат некој да им го одземе тоа. Затоа и не се потпираат на туѓото мислење и сè земаат со резерва.