X
 20.05.2024 Живот

Извештај: Британските власти прикривале скандал со заразена крв

Британската Национална здравствена служба (НХС) денеска го објави извештајот по петгодишната истрага во кој се наведува дека лекарите, владата и НХС го прикривале скандалот со заразената крв и свесно ги изложиле жртвите на неприфатливи ризици.

Во периодот од 1970 до 1991 година повеќе од 30.000 луѓе биле заразени со хепатит Ц и ХИВ откако примиле крвни продукти и трансфузии. Оттогаш починале околу 3.000 луѓе. Се претпоставува дека се разболеле поголем број пациенти, но дел од нив не се регистрирани.

Дел од инфицираната крв и крвни продукти биле увезени од САД, а им биле давани на пациенти на кои им требала трансфузија за време на операција или на лицата кои страдаат од хемофилија.

Британската влада веќе исплати 100.000 фунти како привремена компензација на некои жртви, од вкупно 400 милиони фунти според препораките што следуваа по истрагата во 2022 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот