Дали некогаш ви се случило да зборувате со пријатели на одредена тема и подоцна на социјалните мрежи гледате огласи поврзани со тоа што сте го зборувале? Дали вашиот мобилен телефон ве прислушува?
Какви дозволи имаат апликациите на вашиот телефон?
Во условите за користење треба да бидат наведени јасни информации за тоа како се собираат и користат податоци, а корисниците треба да внимаваат што им дозволуваат на апликациите. На пример, „Фејсбук“ може да побара дозвола за пристап до вашиот микрофон, камера, контакти, положба и меморија, а на вас е да одберете што ќе ѝ дозволите на апликацијата.
Фото: Pixabay
Некои апликации може да бараат пристап и од повиците, СМС, локација, а постои и опција „останато“. Треба да се обрне внимание на што точно апликациите имаат пристап ако му ја дадете оваа дозвола. Најдобро е да дозволите пристап само до она што е нужно.
На пример, за „Вацап“ мора да одобрите пристап до камера и микрофон бидејќи без тоа апликацијата не би можела да ги изврши сите услуги.
Што е со колачињата?
Од друга страна, кога посетувате веб-страници се појавува прашање за „колачиња“. Некои веб-страници не ви даваат пристап до својата содржина додека не одобрите пристап до колачиња. Колачињата, меѓу другото, им овозможуваат на веб-страниците да видат дали претходно сте ги посетиле и служат за помнење лозинки или образци.
Европската Унија донесе директива со која се регулира начинот на кој на веб-страниците им е дозволено користењето на колачиња и обработката на податоци.
Психолошки феномен
Информатичкиот експерт Марко Ракар објаснува за „Студомат“ дека некогаш не станува збор за прислушување од страна на мобилниот телефон, туку за психолошки феномен.
- Луѓето нешто споменале и потоа одеднаш тоа почнуваат и да го забележуваат. Меѓутоа, ако гуглале, внесувале некаде, на апликациите, пребарувачите, тогаш секако дека почнуваат да ги следат такви огласи - објаснува Ракар.
Фото: Pixabay
Тука не станува збор за прислушување, заклучува тој.
Од друга страна Луцијан Цариќ, експерт за сигурност на интернет, вели дека прислушувањето преку мобилниот телефон е апсолутно можно и податоци може да собираат сите апликации на кои им е дадена соодветна дозвола. Тоа важи и за виртуелниот помошник „Хеј Гугл“, кој бара пристап до микрофонот.
- Сè додека телефонот работи, тој ги собира сите податоци, и за тоа што сте напишале, дури и ако не сте го пратиле - според Цариќ.
Извор:
Studomat