X
 16.01.2017 Технологија

Едукативни онлајн платфроми кои го олеснуваат образовниот процес

Технологијата го трансформира светот на образованието во изминативе неколку години. Секоја година, некоја компанија презентира нови иновативни производи, кои многу помагаат и го олеснуваат образовниот процес. Ова се неколку од нив :

1.    „Studypool“

Микро туторство – вака основачите на „Studypool“ ја дефинираат програмата. Се рабти за сесии кои во просек траат до 10 минути, а целта е совладување на одредени теми и олеснување на процесот на учење за студентите. Лансирано е во 2014 година, а сега има илјадници корисници.

2.    Peergrade

Освен читање книги и здобивање со искуство, фидбекот е еден од најдобрите начини за да се научи. Важно е да се добие евалуација на трудот на студентите од страна на наставниците, но со оваа алатка, студентите може да се оценуваат меѓусебно. Лансирана е во 2015 година, а главната цел била да им се помогне на наставниците за да се овозможи проверка и евалуација на сето она што ќе го сработаат студентите.

Платформата функционира на тој начин што наставниците можат да креираат онлајн задачи за студентите кои подоцна ќе ги евалуираат. Платформата се користи во универзитетите во Данска и околните земји.

3.    Time Machine Tours

Не е тајна дека за многу ученици историјата е навистина здодевен предмет. Но, со оваа апликација тоа може да се промени. Со користење на „GPS“ технологиј, корисниците можат да ја кажат точната локација на фотографите кога ги фотографирале историските слики.

Изгледа корисниците да го искусуваат минатото и е навистина позабавен начин за изучување на историјата. Во моментов, апликацијата е достапна во Њу Јорк, Чикаго, Филаделфија и Вашингтон.

4.    ClassTag

Оваа платформа не се фокусира на студентите, туку на односот помеѓу родителите и наставниците. Формирана во 2015, оваа платформа овозможува креирање на училишна заедница. Родителите и наставниците разговараат за проблемите и потребите на учениците. Може да се организираат настани, конференции и слично. Во моментов, се користи од страна на приватни и јавни училишта.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија