X
 20.06.2022 Живот

Мозокот на мажите не функционира со полн капацитет кога зборуваат со жена

Додека повеќето жени не би го загубиле разумот доколку видат привлечен маж, приказната е различна кога станува збор за мажите, покажало едно мало истражување.

Истражувањето во кое учествувале 71 учесник открило дека мажите стануваат помалку интелигентни во присуство на жена. Дури и споменувањето на името на жена може да има такво влијание врз нив.

Психологот Јохан Кареманс и авторката на истражувањето Сан Наутс го заклучиле ова врз основа на резултати од когнитивен тест кој им бил поделен на 71 испитаник. Испитаниците требало да одговорат на прашањата преку пораки до испитувачите кои се претставувале со машко или женско име.

Тестот когнитивно не влијаел врз жените, но мажите имале полоши резултати кога требало да ги испратат прашањата до женско име. Едноставно, нивниот мозок не функционирал со полн капацитет само затоа што на екранот гледале женско име.

Во истражувањето било заклучено и дека мажите биле повознемирени кога имало можност да добијат порака од жена и повторно - не биле способни да размислуваат со полн капацитет.

Според Наутс, поголема е веројатноста дека мажите ги перципираат релативно неутралните ситуации во сексуализирана смисла отколку жените.

Извор: 24sata
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот