X
 03.10.2016 Живот

Бизарни несреќи што луѓето ги преживеале

Понекогаш, и покрај науката и против сите очекувања, се случува луѓето да успеваат да ги преживеат искуствата, што всушност, по логика би требало да ги убијат.


бизарни несреќи


Шипка преку мозокот


Кога нешто ќе ви пробие низ мозокот, тоа е обично смртоносно, затоа што мозокот контролира апсолутно се: дишењето, срцето, отчукувањата на срцето, крвниот притисок... Но, назад во 1848 година, работник на железницата, Fineas Gejdž, преживеал откако низ мозокот му поминала железна шипка, долга повеќе од еден метар и со тежина речиси 6 килограми, која ја користел за полнење на дупките со експлозив.

Кога 25-годишниот се свртел за да ги поздрави колегите избувнала експлозија во дупката која ја полнел, а шипката пробила директно низ неговата вилица, мозок и череп. Исто како копјето, шипката завршила речиси 30 метри подалеку, а со себе “однела“ и дел од мозокот. Неверојатно, Gejdž по несреќата живеел уште 12 години.

Сепак тој имал серија на последици: спуштени очни капаци, напади и драматични емотивни и когнитивни проблеми. До ден денес останал предмет на медицинска фасцинација, па неговиот череп и шипката, која пробила во него се изложени во Музејот на анатомија во Бостон.


Со сила низ мал отвор


Движењето со голема брзина преку дупка, која е далеку помала од вашето тело, може да резултира со лупење на кожата, дислоцирани зглобови, скршени коски и дробење на пробиените органи. Тоа е она што му се случило на заварувачот Матеј Лу во 2008 година, кога неговата облека била фатена од фабричката машина која пренесувала метални делови.

Тој почувствувал како машината му ја кини кожата и му ја крши раката, кога механизмот го повлекол низ отворот. Тој се здобил со скршеници на грбот, карлицата, колковите и ребрата, прекин на желудникот и цревата. Матеј поминал низ 6 операции, а подоцна 25-годишниот се вратил на работа во фабриката.


Преживеала бура на 9000 метри


Кога 35-годишната Ева Висниерска, параглајдерист отишла на тренинг во 2007 година, таа доживеала невреме и за само 10 минути, воздушен вител ја кренал на повеќе од 9000 метри, при што се онесвестила. Се смета дека на такви височини, температурата на воздухот е околу минус 40 до минус 50 степени, а воздухот е толку редок што дишењето е  речиси невозможно.

По еден час, кога падобранот постигнал висина од 6900 метри, Ева се освестила и со последните напори летала. Нејзиното тело било целосно покриено со мраз.


Пад од небо


Мајкл Холмс од Нов Зеланд буквално паднал од небото. Откако инструкторот за падобранство во 2009 година скокнал од авион му откажале главниот и помошниот падобран. Паѓајќи со брзина од над 110 километри на час со височина од 4500 метри, според сите очекувања, требало да умре. Сепак, среќата интервенирала и паднал на грмушки. Тој ја скршил ногата и доживеал колапс на белите дробови.


Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот