Мажите и жените немаат различни метаболизам, покажува неодамна објавено истражување. Освен тоа, метаболизмот не забавува од 20 до 60 години, спротивно на мислењето на повеќето.
Истражувањето било направено со податоци од речиси 6.500 луѓе на возраст од само 8 дена и 95 години. Податоците биле собрани во период од над 40 години. Во истражувањето биле вклучени над 80 истражувачи од разни лаборатории.
Она што го одредува метаболизмот е телесната маса. Колку е поголема телесната маса, особено мускулната, толку е побрз метаболизмот. Освен тоа, жените имаат повеќе маснотии од мажите, што игра улога во бременоста.
Фото: Pixabay
Меѓутоа, кога ќе се отстранат овие фактори, нема разлика помеѓу брзината на метаболизмот помеѓу мажите и жените, според истражувачите.
Истражувачите ја делат работата на метаболизмот во четири периоди. До една година метаболизмот е најбрз, додека до 20 година, тој се успорува за 3 отсто секоја година.
Во периодот од 20 до 60 години, метаболизмот не се менува, а после 60 се успорува за околу 0,7 отсто секоја година. До 95 години, брзината на метаболизмот просечно се намалува за 20 отсто во однос на 60 години.
Извор:
Insider