X
 20.07.2026 Живот

Според Фројд, ментално силните личности никогаш не ги прават овие 4 работи

Сигмунд Фројд остави длабока трага во историјата на психологијата, а многу негови идеи и денес ги поттикнуваат луѓето подобро да се разберат себеси, своите емоции и односите со другите. Иако некои негови теории со текот на времето беа преиспитувани и дополнувани, одредени ставови за личниот развој и менталната сила останаа актуелни до денес.

Фројд сметал дека менталната сила не е вродена особина, туку резултат на постојана работа на себе, подготвеност за учење и храброст да се преземе одговорност за сопствениот живот. Според неговото размислување, постојат четири работи што луѓето со силен карактер едноставно не ги прават.

Не го трошат животот на самосожалување

Секој минува низ тешки периоди, но разликата е во тоа како реагираме на нив.

Според Фројд, зрелите личности не го градат својот идентитет врз улогата на жртва. Наместо постојано да се навраќаат на она што им се случило, тие се фокусираат на она што можат да го променат. Ја прифаќаат одговорноста за своите одлуки и ја насочуваат енергијата кон решавање на проблемите

Не влегуваат во бесмислени расправии

Потребата по секоја цена да убедиме некого дека сме во право ретко води до нешто добро.

Фројд сметал дека луѓето што имаат самодоверба немаат потреба да ја докажуваат својата вредност преку конфликти и бескрајни надмудрувања. Позната е и неговата мисла:

– Кучињата ги сакаат своите пријатели и ги гризат непријателите, сосема спротивно од луѓето што не се способни за чиста љубов и кои секогаш ја мешаат љубовта со омразата.

Со други зборови, емоционалната зрелост често значи да се знае кога е подобро да се молчи и да се зачува мирот отколку да се победи во кавгата.

Не го занемаруваат она што навистина го сакаат

Една од најпознатите идеи на Фројд била дека човекот може да го оствари својот полн потенцијал дури тогаш кога ќе се запознае себеси.

Верувал дека многумина живеат според очекувањата на другите наместо според сопствените желби и вредности. Затоа сметал дека е важно да се ослободиме од стравот, да откриеме што искрено нè исполнува и да имаме храброст да тргнеме по тој пат.

Како што велел, човекот не созрева тогаш кога ќе почне да го работи она што се очекува од него, туку кога ќе го најде она што навистина го сака.

Што претставувало знак за зрелост според Фројд?

Фројд често истакнувал дека вистинската емоционална зрелост се препознава по две способности – да сакаме и да создаваме.

Една од неговите најпознати мисли гласи:

– Да се сака и да се работи се способности кои се знак за целосна зрелост.

Иако психологијата значително напредувала, оваа порака и денес потсетува дека менталната сила не означува отсуство на проблеми, туку способност да учиме, да преземеме одговорност за својот живот и да си останеме верни на себеси дури и кога тоа не е најлесниот избор.

Извор: lolamagazin
Фото: Википедија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот