X
 26.12.2020 Живот

Брутални животни вистини од Сигмунд Фројд: Нашата сила е во нашата слабост

Моментот кога некој ќе почне да размислува за смислата на животот и личното постоење е момент кога таа личност можете да ја сметате за болна.

1. Целта на животот е смртта


Личноста што е свесна за овој совет ќе покаже храброст. Најважно е да се сфати смртта.

2. Две работи помагаат во одржувањето на здравјето: љубовта кон животот и љубовта кон работата


Тоа што ќе умреме не значи дека не треба да живееме најдобро што можеме. Нашата работа може или да ни го разубави или да ни го уништи животот. Многу е важно тоа што го работиме бидејќи тоа ја гради нашата личност.

3. Нашата сила е во нашата слабост


Непријателите можат да нè уништат само со помош на нашите слабости. Ако една личност ги прифати своите недостатоци, другите нема да имаат оружје со кое би можеле да ја уништат. Ќе станете посилни ако ги прифатите вашите слабости, недостатоци и маани.

4. Она што го сметаме за љубов, не е љубов туку либидо и тоа нема врска со вистинската љубов

Тестирајте ја вашата љубов: замислете колкава болка може да ви нанесе саканата личност. Ако сте подготвени да останете со неа и потоа, тогаш тоа е вистинска љубов.

5. Луѓето се многу поморални отколку што мислат и многу понеморални отколку што можат да претпостават

Секој во животот го избира својот пат. Кој пат и да го изберете, не критикувајте ги другите бидејќи тоа е најнеморално од сè друго.

6. Соништата се пат кон несвесното

Фројд прв го сфатил значењето на соништата и почнал да ги користи во терапија. Без оглед на сè, тоа е единствениот начин да дознаеме што нè мачи.

7. Невроза е неспособност да се поднесе неизвесноста

Нашата загриженост поради неизвесноста е една од најтешките емоции. Но, сите реагираат на тоа на различен начин.

8. Луѓето можат да се заштитат од напад, но сите се немоќни пред комплиментот


Повеќето од нас не можат да поднесат критика, но речиси сите тешко прифаќаме комплименти.

9. За да ја разберете жената, мора да го претворите лавиринтот во права линија

Можеби тоа е причината зошто мажите се непредвидливи.

10. Секогаш барав самодоверба и сила кај други луѓе, но тоа секогаш е само во вас


Колку помалку зависи вашата самодоверба од мислењето на оние што ве опкружуваат, толку посреќни и попродуктивни ќе бидете.

Извор: Stil.kurir.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот