Новооткриено рачно напишано писмо од Сигмунд Фројд ќе биде ставено на аукција во Ерусалим на 3 декември. Почетната цена е 6.000 долари.
Писмото на историски познатиот невролог датира од 21 јуни 1938 година. Напишано е на германски јазик и ја покажува малку познатата сентиментална страна на „таткото на современата психоанализа“. Записот настанал по неколку недели откако Фројд побегнал од нацистите од родната Австрија во Лондон.
Писмото е до филантропката Маргарет Стоунбороу-Витгенстин, пациентка на Фројд и негова сонародничка. Фројд во него ѝ изразува сочувство поради самоубиството на нејзиниот поранешен сопруг, а и ја прашува што се случува во Виена под нацистичка власт.
Извор: МИА