X
 20.09.2015 Наука

Зошто сме мрзеливи?

Мрзеливите луѓе најчесто пронаоѓаат добра причина, изговор и оправдување поради тоа што не направиле ништо, а всушност за тоа виновна е само мрзеливоста.

Но, сега научниците имаат одговор на прашањето - зошто сме мрзеливи? Одговорот најмногу ќе ги израдува оние кои секогаш се мрзеливи.

Научниците од Канада извршија експеримент со 9 доброволци. Нивната задача беше постават протези на нозете, за одењето да им биде отежнато.

После неколку минути секој доброволец пронајде различен начин да го прилагоди својот стандарден ритам на одење, кој се развива во текот на целиот живот, за да користи помалку енергија.

Кога потсвесниот нервен систем е препуштен на самиот себеси, тој ги усогласува движењата за да троши помалку енергија, што е дел од теоријата дека постои тенденција во различни задачи да се вложи што помалку труд, со што се троши помалку енергија.

Според зборовите на научникот и лидерот на истражувањето, Макс Донелан, ова е доказ за „психолошката основа на мрзеливоста“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука