X
 20.09.2024 Технологија

Редизајн на омилената апликација на младите - доаѓа новиот „Снепчет“

Од „Снепчет“ најавија голем редизајн на својата популарна апликација која ја користат околу 850 милиони луѓе. Покрај промената на интерфејсот на главниот екран, „Снепчет“ додаде и нови опции за вештачка интелигенција, вклучувајќи специјални леќи кои ви покажуваат како ќе изгледате кога ќе бидете постари, а не е тешко да се види дека ова ќе биде една од омилените опции за многумина.

Најголемата промена, сепак, се однесува на главниот екран, кој е поедноставен. Наместо пет табови како досега, редизајнираната апликација има само 3. Во центарот е камерата, лево е табулаторот за пристап до четот, а десно табот „За тебе“. Овој последен таб потсетува на „Тик-ток“, а овде можете да најдете „Приказни“ и „Спотлајт“ видеа на едно место, кои се контролирани со класичното лизгање надолу, а исто така вклучуваат содржини од медиуми како „Вол стрит журнал“, „Дејли мејл“ и други. Накратко, сега има место за креирање и објавување сопствена содржина, место за комуникација со пријателите и таб каде што можете да откриете содржини кои би можеле да ви бидат интересни и корисни.

Со оглед на тоа дека компанијата најголем дел од парите ги заработува од реклами, велат дека редизајнираната апликација ќе им ја пуштаат на корисниците полека и постепено за да можат да ги разберат сите промени поврзани со динамиката на содржината.

- Мислам дека ќе стане уште полесно со овој распоред на апликацијата, каде што има и приказни за вашите пријатели или креатори што ги следите во живо на страницата за разговор и потоа можете да откриете нови креатори или нова содржина на цел екран на третиот таб - објаснува Еван Шпигел, коосновач на „Снепчет“.

Покрај споменатата опција за вештачка интелигенција која на корисниците ќе им покаже како ќе изгледаат откако ќе остарат, „Снепчет“ ќе добие и некои други опции за вештачка интелигенција, како преживување посебни моменти од минатото во опцијата „Спомени“.

Новиот, поедноставен дизајн на „Снепчет“ нема да биде веднаш достапен за сите корисници во светот, туку постепено ќе се пласира.

Извор: zimo.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија