X
 31.07.2015 Наука

Вечерва не го пропуштајте небесниот феномен "сина Месечина"

Подгответе се вечерва за релативно редок феномен кој во просек се случува на секои 2 години и 7 месеци; станува збор за таканаречената „сина Месечина“ - поим со кој се опишува случајот кога полната Месечина се појавува два пати во еден календарски месец.

 

сина



Појавата на „сина“ Месечина последен пат е забележана во август 2012 година. Месечината ќе ја достигне полната фаза во петок во 12.42 часот.

Сината Месечина всушност нема сина боја. Овој термин се поврзува со екстра полната месечина, која се појавува по втор пат во ист календарски месец, а името и значењето го добила благодарение на грешка.

Во историјата терминот „сина Месечина“ бил користен за ирационални случувања. Месечината всушност не е сина, меѓутоа поради одредени честички изгледа како да добила сина боја. Таа се поврзува со страшната ерупција на вулканот Кракатау, кога островот е избришан од лицето на земјата и останал мал дел - Ракатау. Поради вулканските честички, во 1883 година Месечината постојано била „сина“.

Астрономите укажуваат дека „сината Месечина“ постои бидејќи нашиот календар не е совршено усогласен со лунарните месеци. На нашиот сателит потребни му се 29.5 денови да направи орбита околу Земјата, а во текот на тоа време ние ги набљудуваме неговите различни фази. Така календарските месеци, освен февруари, имаат 30 или 31 ден, па привремено две полни месечини влегуваат во еден календарски месец. Следниот пат оваа појава ќе се повтори во јануари 2018 година.

А кога е полна Месечина, па уште и сина, се` е можно. Не за џабе во англискиот јазик има поговорка „Once in a blue moon“.

 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука