X
 18.11.2016 Наука

Паметните луѓе сакаат да бидат сами

Не постои сомнение - на луѓето им е вродено да бидат социјални суштества. Но, иако е широко прифатено дека дружењето не' прави посреќни, и можеби не важи баш за сите, особено не за високо интелигентните луѓе.

Еволутивните психолози од Универзитетот за менаџмент во Сингапур заедно со Лондонската школа за економија и политички науки го открија токму ова за време на проучувањето на повеќе од 15.000 млади луѓе.

Тие открија дека иако луѓето генерално се чувствуваат посреќно кога поминуваат време со другите, високо интелигентните луѓе се исклучок од ова правило. Причината за тоа е еволуцијата.

Високо интелигентните луѓе може лесно да се прилагодат на нивната околина во модерниот свет, така што не им се потребни блиски односи за да им помогнат со храната и засолништето како што им била потребна помош на нашите предци.

Нивната друга теорија е дека попаметните луѓе се поамбициозни и сакаат да поминуваат повеќе време работејќи  и реализирајќи ги нивните цели, наместо да се дружат.

Истражувањето покажа дека високо интелигентните луѓе имаат пониско животно задоволство доколку почесто се дружат со пријателите - поминувањето на времето со пријателите всушност ги направило несреќни. Но, истражувачите откриваат дека овие високо интелигентни учесници всушност поминувал повеќе време дружејќи се со пријателите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука