МОН ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година
Сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“.
Незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори ниту да доставуваат жалби пред да добијат решение!
За малолетните апликанти жалбите треба да бидат поднесени од родител/старател.
По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на Бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11).
Добитниците на стипендија НЕ треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението.