Meдиумите и светската јавност со големо внимание ги следат активностите на членовите на британското кралско семејство, но дали некогаш сте се запрашале што прават тие по цел ден кога немаат обврски?
Можеби многумина мислат дека тие со часови седат на кауч и јадат грицки, сурфаат на интернет за себе или можеби пробуваат скапоцен накит, јадат егзотична храна, но ништо од тоа.
Кралицата
Фото: АР
Иако оваа година наполни 93 години, кралицата Елизабета и понатаму е вредна како пчела. Обично се буди околу 7:30 часот, свири на гајда, а потоа се посветува на документацијата.
Времето го поминува пишувајќи писма, организирајќи витешки собири, а потоа има состанок со својот персонал и претставници на дипломатијата, црквата, судот и војската.
Бидејќи кралицата мора да биде организирана, секому му посветува по 20 минути. Кога ќе заврши со пишување и состаноци, таа ги носи кучињата на прошетка.
Во раните вечерни часови таа проучува извештаи од Парламентот, а во среда има јавен состанок со премиерот.
Ужива во фотографирање, баш како и нејзината внука, војвотката од Кембриџ.
Принцот Чарлс
Фото: АР
За слободното време на принцот Чарлс и не се знае многу. Она што засега се знае е дека е на чело на 13 добротворни организации.
Голем обожавател е на хортикултурата и има напишано две книги за екологијата.
Освен тоа, слика акварели, иако не добива најдобри критики. Способно управува со своите пари и одделува по милион фунти годишно за своите синови.
Принцот Вилијам
Фото: АР
Откако ја напушти хонорарната работа во воздухопловната амбулантна служба „Ист Англијан“, принцот Вилијамс е фокусиран на родителски и кралски обврски.
Тој своевремено за Би-би-си изјави дека сериозно ја сфаќа својата должност и одговорност кон семејството, како и дека сака да ги воспита своите деца во добри луѓе. Сепак, истакнува дека неговата служба и должност ги смета за доста важни.
Во слободно време сака да скија.
Војвотката од Кембриџ
Фото: Profimedia
Војвотката е мајка со полно работно време, но, како и нејзиниот сопруг, во последно време има преземено повеќе кралски должности.
Исто како и кралицата, и Кејтлин сака да фотографира. Таа е доживотен почесен член во престижното Кралско фотографско друштво, кое ги препозна нејзиниот талент и ентузијазам.
Пред две години таа,
нејзиниот сопруг и принцот Хари го основале „Хедс Тугедр“, здружение за ментално здравје кое се бори против стигмите на ментално заболените.