X
 21.01.2016 Живот

Знаци кои покажуваат дека сте влегле „во светот на возрасните"

Кога Џефри Јенсен Арнет бил на почетокот на неговата кариера како психолог истражувач, тој ги прашувал луѓето: „Дали се чувствувате како да сте ја достигнале зрелоста?“

Тој очекувал од луѓето да зборуваат за транзицијата, како на пример започнување на кариерата, стапување во брак и купување куќа.

Наместо тоа, неговите субјекти на возраст од 18 до 29 години ги наведоа причините поради кои се чувствуваат како возрасни, како и причините поради кои не се чувствуваат. Ова го наведе да започне да го користи терминот „разјаснета зрелост“ - бурниот период низ 20-тите кога не сте сосема независни, меѓутоа сте на пат да станете.

Во неговите интервјуа, луѓето од различни земји и етнички групи имале слични одговори. Испитаниците постојано ја споменувале „големата тројка“: преземањето на одговорност за себеси, донесување независни одлуки и финансиската независност. Ова е „големата тројка“.

1. Преземање на одговорност за себеси

„Луѓето споменуваа различни работи, меѓутоа генерално значи прифаќање на последиците за своите акции без очекување дека некој друг, особено родителите, ќе ги заштити од тие последици“, вели Арнет.

На пример, сте купиле ужасен стар автомобил - работите тргнуваат наипаку, и излегува дека тоа било ужасна идеја. Меѓутоа, последиците од одлука како оваа е еден вид на одговорност за која луѓето од целиот свет зборуваат.

Ако нешто се скрши, вие го поправате - без да обвините некој друг за нештото.

2. Донесување независни одлуки

Вториот праг од зрелоста е поврзан со нашиот идентитет и следните прашања:

Кон која образовна патека да се насочам?
Каква работа да прифатам?
Каде да живеам?
Со кој да живеам?
Дали сакам врска или сакам да сум сам/а?
Дали да живеам со мојата/моето девојка/момче?
Дали да ја раскинам врската?
Дали да се преселам во друг град и да започнам друга кариера?

„Целта е да се пронајдете како личност и како вие се вклопувате во светот. Постојат голем број одлуки кои се вклучени во тоа“, вели Јенсен Арнет.

Сето тоа е потрага за пронаоѓање на идентитетот, кој е длабоко индивидуално.

Клучот е трпението. Младите луѓе самите себеси се изложуваат на притисок за да ги откријат овие прашања на идентитетот, а неговите родители додаваат уште поголем притисок.

„Колку повеќе наближувате до 30-та, толку поголема е веројатноста да го знаете одговорот на овие прашања и да го дознаете вашето место во животот. Не дека се случува магија кога ќе пораснете бидејќи сте постари, туку сте фокусирани на овие работи, па на крајот ги пронаоѓање. Бидејќи еден човек на 30 години бара стабилност, па на крајот и ја наоѓа“.

3. Финансиска независност

Третиот праг до зрелоста е најлесен за следење - индивидуално плаќање.

Финансиската независност е доста важна. Иако се разликува од земја во земја, сепак, од возрасна личност се очекува да стане финаниски независна.

Џенсен Арнет вели дека возрасните свесно се стремат кон финансиска независност - тие повеќе сакаат да живеат скромно отколку со нивните родители. Сепак, не ја одбиваат помошта од родителите кога станува збор за скапа поправка на автомобилот, одење дома за време на празниците и слично.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот