X
 10.11.2018 Наука

Универзитетот во Кјото ја изврши првата трансплантација на матични клетки за Паркинсонова болест

Универзитетот во Кјото ја спровел првата трансплантација на индуцирани плурипотентни матични клетки за лекување на Паркинсонова болест.

Нервните клетки создадени од вептачки изведени матични клетки, познати како „iPS“ клетки, биле трансплантирани во мозокот на 50-годишен пациент во октомври, а истражувачите се надеваат дека ќе развијат метод што ќе го покрие јапонскиот систем за здравствено осигурување.

-Во соработка со компаниите, сакаме да развиеме систем за масовно производство што ќе ни овозможи да испорачаме нервни клетки добиени од „iPS“ клетки низ целиот свет - вели Јун Такахаши, професор на универзитетот кој го предводел истражувачкиот тим.

паркинсонова
Фото: KYODO


Паркинсоновата болест ги намалува клетките што произведуваат допамин во мозокот и резултира со тресење на рацете и нозете и вкочанетост на телото. Иако постојат третмани за ублажување на симптомите, во моментов не постои лек за оваа болест.

Клиничкото испитување било спроведено од страна на истражувачкиот центар и Универзитетската болница во Кјото, при што лекарите ја потврдија безбедноста и ефикасноста на трансплантацијата.

Шинја Јаманака, кој го води центарот, доби Нобелова награда за физиологија во 2012 година за откривање на „iPS“ клетките, кои можат да растат во било кој тип на телесно ткиво и се сметаат за ветувачка алатка за регенеративна медицина и развој на лекови.

Според планот за лекување, нервните клетки трансплантирани во мозокот на пациентот биле создадени со користење на „iPS“ клетки добиени од луѓе кои имале имунитет, што бил помалку склон кон отфрлање на трансплантациите. Се очекува нервните клетки да ги надополнуваат невроните кои емитуваат допамин.

Истражувањето ќе вклучува седум пациенти на 50 до 60 годишна возраст, кои ги исполнуваат критериумите - тие добивале третмани со лекови но немале ефективни резултати и ја имаат болеста повеќе од 5 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука