X
 11.05.2018 Наука

Истражувања за кои треба да знае секој наставник

Секоја година истражувачите добиваат нови сознанија за тоа што функционира во училниците, а што не. Во 2017 година група истражувачи ја нагласија важноста на социјалното и емоционалното учење во училиштата.

Еве што друго тие открија.

istrazvanje

Вежбање за тест


Учениците често се преценуваат за тоа колку се подготвени за тест, што може да доведе до послаби резултати. Новото истражување нагласува две високоефективни стратегии. Едно истражување во кое биле опфатени 118 ученици истакнува дека тестовите за вежби се еден од најефикасните начини за учење на различни поими. Друго, неодамнешно истражување нагласи дека учениците имаат придобивки од воведувањето планирани чекори што треба да ги преземат за да имаат добри резултати на тестот. Чекорите ги охрабруваат да учат поефикасно, со што имаат подобри тестови.

Новите наставници и нивните ученици имаат корист од менторот


Знаеме дека менторите ја даваат потребната поддршка и насоки во првите години, но постои дополнителен позитивен ефект: учениците што имале ментори се стекнале со еквивалент на три до три и пол месеци дополнително учење во читање и математика во текот на годината.

Не откажувајте се од броењето на прсти

Децата обично до крајот на првото одделение се обесхрабруваат да не ги користат прстите за да бројат - тие учат да пресметуваат во нивните глави, а броењето на прсти се смета за нешто што ги ограничува. Сепак, новото истражување спроведено на деца на возраст од шест до седум години покажува дека тоа би можело да е грешка - пресметувањето на прсти во комбинација со игри за борење може да го зајакне учењето по математика за учениците од второ одделение. Употребата на прстите ги активира подрачјата на мозокот поврзани со броење.

Важноста на социјалното и емоционалното учење


Оваа година е спроведено истражување што вклучувало повеќе од 97.000 ученици од основно образование. Истражувачите откриле дека придобивките од социјалното и емоционалното учење во последните неколку години го подобруваат академскиот успех, го намалуваат проблематичното однесување и ги намалуваат долгорочните емоционални проблеми. Во друго истражување, составено од 28 научници, биле повикани училиштата да се фокусираат на социјалното и емоционалното учење, тврдејќи дека ученичкиот успех не е поврзан само со академските способности и когнитивни вештини, туку и со емоционалните вештини и интерперсоналните.

Вежбите за рефлективно учење може да ги подобар резултатите на учениците

Кога учениците пишуваат за своите лични вредности, тоа може да им помогне да се чувствуваат попозитивно за себе и за својата иднина, поттикнувајќи го начинот на размислување што го зајакнува личниот развој и создава заштитна бариера која ги штити од штетни искуства.

Текстуалните пораки може да ги зголемат оценките и посетувањето на наставата


Уште една ефикасна стратегија - истражување објавено оваа година покажува дека неделните автоматизирани текстуални пораки испратени на родителите во врска со оценките, отсуството на наставата и ненапишаните домашни задачи на нивните деца, ги охрабруваат родителите да бидат ангажирани во врска со нивното учење, што го подобрува учењето за 17 отсто и го намалува бројот на ученици што паѓаат по некој предмет за 39 отсто.

Продолжува дискусијата за тоа дали кај децата од претшколска возраст е поважно учењето на училишниот материјал или играта


Голема анализа во која биле вклучени 22 истражувања спроведени претходно зборува за идејата дека сите деца треба да имаат пристап до предучилишна установа. Кај децата помали од пет години што биле дел од рано образование било забележано дека имаат поголеми шанси да завршат средно училиште во споредба со нивните врсници кои не посетувале вакви установи. Како што велат истражувачите, важно е да се воведе добра рамнотежа меѓу учењето на материјалот и играта.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука