Швајцарија повторно се најде на врвот на глобалната ранг-листа за најдобри земји во светот, и тоа четврта година по ред. Еве зошто.
Рангирањето, кое го прави американски тинк-тенк центар, составен од неколку истакнати новинарски и истражувачки организации, ја смести Швајцарија над просекот во неколку категории - од водење бизнис до квалитет на живот.
Швајцарија повторно се најде на врвот на листата уште од основањето на тинк-тенк центарот во 2016 година. Други земји што се најдоа на листата се Германија (4. место генерално), Шведска (8. место), Норвешка (10. место), Италија (17. место), Австрија (18. место) и Шпанија (19. место).
Швајцарија е на врвот на листата четврта година по ред. Веднаш зад неа се Канада, Јапонија, Германија и Австралија. Уште од почетокот на рангирањето во 2016 година ниту една друга земја досега не се нашла на врвот. Позицијата на Швајцарија на врвот се должи на целокупниот статус на земјата поврзан со која било мерка.
Но, Швајцарија не се најде на првото место во ниту една од шесте главни категории на ранг-листата - најмоќна, најдобра за почнување бизнис, квалитет на живот, најдобра за живот на жените, за образование и зеленило. Всушност, Швајцарија се најде меѓу првите три места во една од шесте категории (второ место во категоријата за зелено живеење).
Зошто Швајцарија е најдобра?
Швајцарија се најде на високо место во неколку реномирани метрики, особено околу деловниот сектор. Таа постигна високо место во однос на политичката и економската стабилност, транспарентност и еднаквост. Исто така, беше рангирана на второ место во светот за водење бизнис и се смета за втора најдоверлива земја во светот.
Рангирањето на швајцарскиот квалитет на живот и вредноста на граѓанството исто така беа силни, на седмо место.
- Швајцарија има ниска стапка на невработеност, квалификувана работна сила и еден од највисоките бруто-домашни производи по глава на жител во светот. Силната економија на земјата е поттикната од ниски стапки на корпоративни даноци, високоразвиен услужен сектор предводен од финансиски услуги и високотехнолошка индустрија за производство - забележуваат авторите на извештајот.
Фото: Depositphotos
Каде се неопходни подобрувања?
Како и секогаш, трошоците за живот во Швајцарија се загрижувачки. Оваа земја не успеа да се пласира во првите 20 „најдобри земји за почнување кариера“ и „најдобри земји за инвестирање“. Исто така, беше рангирана на 16. место кога станува збор за влијателност.
Извештајот
Рангирањето е заеднички проект на сервисот за дигитални новости „Ју-ес њуз & ворлд рипорт, маркетинг-компанијата „Уај&Ар“ и училиштето „Вартон“, бизнис-училиште на Универзитетот во Пенсилванија.
Во извештајот биле земени предвид 73 земји од целиот свет, при што се правела процена во голем број категории, како што се економско влијание, воена моќ, образование и квалитет на животот.
Земјата што е прогласена за најдобра се смета дека има најголемо влијание на глобално ниво.
Рангирањето во 2020 година било базирано на анкета на нешто повеќе од 20.000 луѓе што биле деловни лидери, информирани елити и пошироката јавност во десетици земји.
Според креаторите на истражувањето, проектот „Најдобри земји“ е дизајниран за да им помогне на граѓаните, деловните лидери и креаторите на политиките да разберат подобро како нивните нации се перципираат во светски размери.
Топ-10
1. Швајцарија
2. Канада
3. Јапонија
4. Германија
5. Австралија
6. Обединетото Кралство
7. САД
8. Шведска
9. Холандија
10.
Норвешка