X
 04.06.2016 Живот

Што би се случило доколку сите одеднаш умреме?

Видеото подолу е направено со помош на снимки од „National Geographic“, додека анимациите се преземени од „Life After People“, тв серија во која научниците, инженерите и останатите експерти дискутираат за тоа како Земјата би изгледала кога човештвото одеднаш ќе исчезне.

Нараторот во видеото објаснува како за неколку часа ќе се изгаснат сите светла. 10 дена подоцна би умреле речиси сите домашни миленици и домашни животни, а месец подоцна би се случиле нуклеарни катастрофи чии последици би биле пострашни од Чернобил и Фукушима.


После 300 години металните структури би започнале да се распаѓаат поради корозија, а 1.000 години подоцна камените структури како египетските пирамиди, кинескиот ѕид и планината Рашмор би биле единствениот доказ за тоа дека на Земјата некогаш постоела човечка цивилизација.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот