X
 30.12.2017 Живот

Страшни и фасцинантни суштества од руските морски длабочини

Вниманието на корисниците на интернет во текот на целата година беше привлечено од страна на објавите на „Твитер“ на рибарот Роман Федорцов, кој прикажа фасцинантни фотографии од необични, но често и застрашувачки суштества што живеат во недоволно истражените морски и океански длабочини. Тие навистина изгледаат како да не се од овој свет. 

фотоизвор: Роман Федорцов

По една година Роман на својот профил на „Инстаграм“ има 220.000 следбеници, а за најнеобичните примероци на улов од неговиот рибарски брод зборува целата планета.

фотоизвор: Роман Федорцов

Морските „ѕверови“, според коментарите на интернет-корисниците, најмногу потсетуваат на јунаците од научнофантастичните филмови или на вонземјани.

фотоизвор: Роман Федорцов

Роман редовно објавува фотографии и видеоснимки за секојдневните искуства на рибарскиот брод со најнеобичен улов на светот.

фотоизвор: Роман Федорцов
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот