X
 21.01.2021 Живот

Дојче Телеком организира меѓународен научен натпревар – „Телеком Предизвик“

Се бараат иновативни идеи за дистрибуција на податоци во домашните мрежи и за безбедност на мрежите


T-Labs, Службата за истражување и развој на Дојче Телеком, започнува меѓународен научен натпревар „Телеком Предизвик“, што повикува научници и експерти од целиот свет да учествуваат во решавањето на два предизвици:

1. Што би можело да биде алтернатива на Wi-Fi? Во истражувачкиот сегмент се бараат научни трудови со идеи за следната генерација на дистрибуција на податоци во домашните мрежи.

2. Како може да се осигурa безбедна дистрибуција на податоци во домашните мрежи? Развојниот сегмент е насочен кон изнаоѓање мерливи подобрувања на безбедноста на домашните мрежи.

Натпреварот се фокусира на најбистрите умови во интернационалната истражувачка заедница, без оглед дали доаѓаат од универзитетите, истражувачките центри или корпоративно опкружување и стартап компании.

Сите заинтересирани можат да ја достават својата апликација во форма на краток предлог најдоцна до 15 март. Десет финалисти ќе бидат избрани за секој од сегментите од доставените решенија.

Избраните 20 финалисти ќе го имаат на располагање периодот од април до крајот на август за да ги разработат своите идеи. За нивното учество тие ќе добијат субвенција во вкупен износ од 25.000 евра во рамките на развојниот сегмент и 2.000 евра во рамките на истражувачкиот сегмент.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во септември. Победникот од развојниот сегмент ќе добие награда од 150.000 евра, додека победникот од истражувачкиот сегмент 75.000 евра.

Сите информации можат да се најдат на www.telekom-challenge.com. Учеството во предизвикот е бесплатно.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот