Опкружени со технологија откако знаат за себе, припадниците на генерацијата Z (зет) речиси и не се сеќаваат на времето пред „Гугл“, тие размислуваат во 4D, носат часовници чија основна функција не е да го покажува точното време и никогаш немале потреба да држат хартиена мапа.
Речиси секогаш се онлајн и се првата генерација за која реалниот живот и дигиталниот свет се еднакво важни. 60% од нив не користат апликации и не отвораат веб-страници кои се бавни. Лесно се приспособуваат на промени, сакаат брза реакција и мобилност за да не го трошат залудно своето време. Генерација Z бара повеќе од претходните генерации. Зависни се од социјални медиуми, 2/3 купуваат производи и услуги преку социјални медиуми, 44% купуваат нов мобилен на секои 2 години. Најкористени апликации им се Јутјуб (56%), Вацап (47%), Фејсбук (38%), Инстаграм (30%), Твитер (22%), Снепчет (20%) и Гугл апс (19%).
Знаат да ја искористат достапноста на информации што ја нуди дигиталната ера. Комуникативни се, користат социјални медиуми како заедничка форма на изразување и се многу поамбициозни од претходните генерации. Трпението не им е јака страна. Претпочитаат визуализации наместо текст, комуницираат преку емотикони и постојано се под стрес дека ќе пропуштат нешто.
Но, она што е најкарактеристично за оваа генерација не е дека живеат онлајн, туку дека ја користат технологијата да направат промена преку дигиталната технологија. За нив најважно од сè е да останат поврзани со онлајн-заедници, не трпат неправда и веќе прават големи работи не само за својата генерација, туку за општеството во целина.
Токму овој нивни силен порив, и пред сè дигитален оптимизам, го препозна „Дојче Телеком“, и за да ги поддржи и да им даде глас, ја создаде платформата #WhatWeDoNext, која ги поттикнува младите да ја користат моќта на технологијата за да направат вистинска разлика. Овој хаштаг во периодот што следува ќе биде местото за вистински инспиративни приказни на генерацијата Z, каде што ќе можат да се споделуваат идеи и искуства за доброто на сите.
Која е твојата идеја?
(Комерцијална објава)