X
 21.01.2022 Култура

„Попреченост: текстови за инвалидните тела“ - прв зборник за попреченост на македонски јазик

Неодамна беше објавен зборникот „Попреченост: текстови за инвалидните тела“, што е првата книга од ваков тип на македонски јазик. Книгата е објавена во едицијата теорија „20/21 Век“ од страна на издавачката куќа „Темплим“.

- Со книгава настојуваме да го поттикнеме знаењето за попреченоста кај нас, сметајќи дека интелектуалното знаење за попреченоста пред се' ќе им овозможи подобро место во општеството на луѓето со попреченост – велат од „Темплум“
 
Во еден од застапените есеи во книгата, Ленард Дејвис, светски познат стручњак во студиите за попреченост, го истакнува фактот дека лицата со инвалидитет сочинуваат 15 проценти од населението – најголемо физичко малцинство во многу земји. Според него, податокот дека најверојатно многумина од телесно неоштетените денес ќе станат оштетени утре го повлекува прашањето: „Зошто инвалидноста не е препознаена како потенцијално универзална состојба? 


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура