X
 21.01.2022 Култура

Се планира отворање на филмско студио во вселената

Во вселената наскоро може да има цело филмско студио. Компанијата „Спејс интертејнмент ентерпрајз“, која работи на филм со Том Круз кој ќе биде снимен во вселената, планира да отвори филмско студио во вселената до 2024 година, пренесува „Мешбол“.

Во план е отворање и на музичко студио и спортска арена покрај филмското студио. Сето ова ќе биде сместено во комерцијалната вселенска станица „Аксиом“ која треба да биде прикачена до Меѓународната вселенска станица.

Отворањето центар за снимање во вселената отвора безброј врати за создавање нови содржини, изјавил Ричард Џонстон од компанијата.


Фото: Pixabay

Во вселенскиот центар ќе бидат одржувани настани од областа на филмот, музиката, телевизијата и спортот и ќе им овозможи место на уметниците да создаваат нови содржини. Некои од партнерите на компанијата се вработени во Ејч-би-о, „Ендемол“ и „Вајаком“.

Снимањето филмови во вселената е најнов тренд. Неодамна, руска екипа патуваше до Меѓународната вселенска станица за да сними филм.

Извор: Mashable
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура