Доколку целото население на планета Земја колективно се договори во исто време да ги одвои нозете од тлото и да скокне во исто време, тоа би изгледало како игра. Но, таа игра би ослободила огромна количина на енергија.
Се разбира, сите би требало да се соберат на едно исто место. Дел од таа енергија би ја апсорбирала облеката, но преостанатиот дел бил завршил во воздухот и на тлото. Ударот би бил бучен како најсилен грмеж и би имал сила од околу 200 децибели, што е доволно да ги пробие ушните тапанчиња, објаснуваат астрофизичарите од Универзитетот во Охајо.
Човештвото во исто време би предизвикало и
земјотрес со јачина помеѓу 4 и 8 степени по Рихтер, а со тоа и цунами. Земјотресот од 4 степени не би предизвикал поголеми последици, но доколку достигне јачина од 8 степени тогаш би ги срушил сите нестабилни објекти, далноводи, мостови, би искривил железнички пруги, а освен тоа би се создало и цунами со бранови поголеми од 30 метри.
Иако ова
сценарио звучи трагично, сепак би се однесувало само на делот од Земјата каде што би се наоѓале „скокачите“. Во преостанатиот дел од светот не би се случиле некои поголеми промени.