Луѓето се најмногубројни цицачи на Земјата. На светот во моментов живеат над 7,7 милијарди луѓе, според
population.io. Дали на Земјата има место за уште многу луѓе? Што ќе се случи доколку не смениме ништо во однос на порастот на населението во иднина и искористувањето на ресурсите? Овие прашања се еколошки, политички, етички и итни. Математиката покажува зошто се итни.
Во една замислена околина со неограничени природни ресурси населението расте експоненцијално. Карактеристика на овој вид раст е времето кое е потребно за населението двојно да се зголеми. Експоненцијалното растење почнува полека, а потоа се забрзува. На пример, замислете дека некој се согласил да ви даде едно пени на 1 јануари 2019, две пени на 1 февруари, четири на 1 март итн. Плаќањето се зголемува двојно секој месец. Колку време е потребно за да стигнете до сумата од 100 милијарди долари?
По една година, односно 12 плаќања би имале 40,95 долари. По две години би имале 167.772,15 долари. По три години би имале 687.194.767,35 долари. 43-тата исплата, на 1 јули 2022, би изнесувала речиси 88 милијарди долари.
Фото: Pixabay
Кога станува збор за населението, зголемувањето на времето не е константно. На светот имало 1 милијарда луѓе во 1800 година, 2 милијарди во 1927, а 4 милијарди во 1974. Се претпоставува дека светското население ќе брои 8 милијарди жители во 2023, а ќе стигне до 10-12 милијарди до 2100 година.
Еколошко влијание
Луѓето консумираат и ги загадуваат ресурсите илјадници години или подолго. Богатите земји консумираат повеќе. Според „Ворлдвач институт“, организација за заштита на околината, на Земјата има околу 1,9 хектар земја по лице за растење храна и текстил за облека, како и дрва и апсорпција на ѓубре. Просечниот Американец користи околу 9,7 хектари. Според овие податоци, Земјата има доволно ресурси за најмногу еден од пет луѓе што денес живеат на планетата, односно 1,5 милијарда луѓе, според американскиот стандард.
Водата е витална. Биолошки, на човекот му требаат помалку од 3,78 литри вода дневно. Во 2010 година САД потрошиле 1,34 трилион литри свежа вода, односно над 4.000 литри по човек дневно. Половина од тоа било искористено за производство на електрична енергија, една третина за канализација, а приближно една десеттина за користење во домаќинствата. Доколку 7,7 милијарди луѓе консумираат вода како Американците, светот би трошел повеќе од 10.000 кубни километри годишно, додека езерата и реките во целост имаат околу 91.000 кубни километри вода.
Фото: Pixabay
Според Светската здравствена организација, 2,1 милијарди луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење. Дури и во развиените земји изворите на вода може да бидат заразени со патогени, метали итн.
Тешко е да се предвиди иднината на човековиот род, но некои факти се сигурни. Водата и храната се човечки потреби. Двојното зголемување на производството на храна би ги решило проблемите за најмногу неколку децении. Населението останува константно кога паровите имаат околу две деца, а во некои делови од неразвиениот свет паровите имаат од 3 до 6 деца во просек.
Зголемувањата на правата на жените и промените во образованието се некои фактори што водат до пониски стапки на наталитет. Намалувањето на наталитетот можеби е најдобриот начин да се зголемат глобалните стандарди за живот.
Автор: Ендру Д. Хуанг
Извор:
Inverse.com