Со едноставно внесување на вашата адреса на оваа интерактивна мапа, можете да видите како изгледала вашата локација во времето на диносаурусите.
Изгледот на Земјата каква што ја знаеме ние е релативно нов. Земјата и морињата што ги гледаме денес се производ на огромни тектонски плочи кои се спојуваат како сложувалка. Но, тие се движат многу бавно и во период од милиони години копнените маси на Земјата можат да направат да изгледа како тотално непрепознатлива планета.
Интерактивната мапа која можете да ја најдете
ТУКА е направена од Иан Вебстер со помош на податоците за тектонските плочи и палеогеографските карти од проектот „ПАЛЕОМАП“.
Оваа алатка отвора нов поглед на нашата планета од пред 240 милиони години во ерата на суперконтинентот Пангеа.
Мапата содржи и опции што ви овозможуваат да гледате важни моменти од историјата на животот на Земјата, како што се првите 'рбетници, како и изумирањето на диносаурусите.
Извор:
Iflscience.com
Фото: Screenshot/dinosaurpictures.org