X
 21.04.2016 Живот

Како изгледа едно вообичаено утро за мајките кои работат?

Вознемиреност, паника, додека истовремено го приготвувате доручекот започнувате и да работите, ги проверувате меиловите, се облекувате, ја барате лажицата и истовремено се шминкате. Доручекот го јадете во два огромни залаци, си ставете уште малку кафе, трчате и пцуете бидејќи веќе доцните. Секако, повторно доцните. Ова е едно вообичаено утро за зафатените мајки.

Токму за ова зборува и едно ново истражување кое компанијата „Organic Valley“ го претвори во урнебесна реклама, во која мајките објаснуваат зошто нивните утра не се и никогаш нема да бидат како оние утра од рекламите. Истражувањето е спроведено на 1.000 мајки кои работат како и нивните вообичаени утрински навики. Еве што покажуваат резултатите:

- 57% од мајките се будат пред изгрејсонце;
- 82% од мајките како редовна утринска вежба го сметаат моментот кога посегнуваат по будилникот;
- 21% од мајките пред да станат веќе ги проверуваат меиловите;
- 33% од нив никогаш не го местат креветот после станување;
- 48% од мајките наместо доручек уживаат во кафето;
- 53% од нив за будење, подготвување и излегување од дома имаат помалку од еден час;
- 58% од мајките секое утро пцујат некому или за нешто

Погледнете како изгледа едно вообичаено утро за мајките кои работат.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот