Годинава тече, но до нејзиниот крај нè очекуваат уште многу филмски премиери. Меѓу другото, се очекуваат нови продолженија на „Чувари на галаксијата“ и „Брзи и бесни“.
На 28 април треба да излезе филмот „Петар Пан и Венди“ (Peter Pan & Wendy), направен по познатата детска приказна. Филмот е во продукција на „Дизни“.
На 5 мај пристигнува „Чувари на галаксијата 3“ (Guardians of the Galaxy vol.3), кој ќе биде прикажуван во кината, а од 19 мај во кината ќе се гледа и „Брзи Х“ (Fast X). На 26 мај треба да пристигне филмот „Малата сирена“ (The little mermaid).
На 2 јуни се очекува премиерата на „Спајдермен: Низ спајдерверзумот“ (Spider-man: Across the spider-verse), додека на 9 јуни пристигнува „Трансформери: Порастот на чудовиштата“ (Transformers: Rise of the beasts).
На 23 јуни ќе излезе новиот филм на Вес Андерсон, „Астероид град“ (Asteroid city), а на 30 јуни пристигнува „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“ (Indiana Jones and the Dial of Destiny).
Првиот дел „Невозможна мисија: Пресметка со мртвите“ (Mission: impossible - dead reckoning - part one) треба да излезе на 14 јули, а „Барби“ (Barbie) пристигнува на 21 јули.
Вториот дел на хоророт „Калуѓерка“ (The nun) пристигнува во кината на 8 септември, а на 13 октомври ќе биде премиерата на „Егзорцизам“ (The exorcist), продолжение на популарниот филм од 1973 година. Вториот дел на „Дина“ (Dune) ќе пристигне на 3 ноември, на 10 ноември доаѓа „Марвелови“ (The Marvels).
На 15 декември пристигнува „Вонка“ (Wonka), филм инспириран од книгата „Чарли и чоколадната фабрика“. Конечно, за 25 декември е закажана премиерата на „Аквамен и загубеното кралство“ (Aquaman and the lost kingdom).
Извор:
Games radar
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)