X
 20.10.2023 Култура

Погледнете го новиот трејлер за филмот „Наполеон“

Врската помеѓу Наполеон Бонапарта и Жозефина е една од највозбудливите љубовни приказни во историјата. Тоа е столбот на филмот „Наполеон“ на Ридли Скот, кој се фокусира на еден од најголемите војсководци.

- Сакаш да бидеш најголем но без мене си ништо - му вели Жозефина на својот сопруг Наполеон во најновиот трејлер за филмот, кој штотуку излезе.

Иако штрајкот во Холивуд одложи многу премиери, засега за овој филм останува стариот датум - 22 ноември. Во главната улога е Хоакин Финикс.

Иако Наполеон се развел од Жозефина затоа што таа не можела да му роси наследник, тој никогаш не ја преболел. На смртната постела во 1821 година, неговите последни зборови биле: „Франција, војска, Жозефина“.


Извор: 24sedam
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура