По Брегзит во Велика Британија многу бизниси треба да се прилагодат, а меѓу нив спаѓа и филмската индустрија. Едно од најголемите ограничувања на Брегзит може да биде соработките меѓу продукциите од Велика Британија и Европа да престанат да се случуваат.
Фото извор: independent.co.uk
„Веќе ги чувствуваме последиците од Брегзит. После Брегзит, фунтата падна и (Британските) купувачи влечат назад кон однапред купените производи и услуги затоа што се плашат дека ако продолжи да опаѓа, ќе дојде на ниво на доларот, а тоа е половина од она што била пред две години“, вели Паскал Борно од Конкистадор Ентертеинмент.
Британските филмови моментално се класифицираат како европски продукции, што ја олеснува дистрибуцијата во другите европски земји.
Креативната програма на ЕУ нуди субвенции и стимулации за европските филмови, со цел помалите студија да објавуваат филмови.
Како што вели Мајк Гудбриџ од Протагонист Пикчс, европските купувачи „ќе се префрлат на фрнацуски, германски, белгиски филмови...британските филмови се добри, но не се многу добри.“
Понатаму се коментира дека и покрај Брегзит, филмската индустрија ќе изнаоѓа начини да остане во форма, а како сѐ ќе се одвива по напуштањето на ЕУ останува да се види.