X
 21.05.2022 Живот

Храм без прозорци ќе биде отворен за јавноста вторпат во историјата

Необичен храм на мормоните, Црквата на Исус Христос на светците од последниот ден, го привлекува вниманието на жителите и туристите во Кенсингтон, Мериленд.

Градбата е отворена по вторпат во јавноста, откако претходно во неа можеле да влезат само членови на црквата. Последен пат храмот привремено бил отворен за јавноста во 1974 година, кога го посетиле 750.000 луѓе. 



Реновирањето на црквата почнало во 2018 година, а неодамна било завршено. Јавноста ќе може да влезе во црквата само привремено, до 14 август.



Храмот се карактеризира со шест кули и статуа од пророкот Морони, тешка два тона, на која дел е прекриен со 24-каратно злато.



Меѓутоа, најнеобичниот дел од храмот е тоа што нема прозорци, а светлината влегува внатре преку дупки во каменот. Најголема светлина има на врвот и таа ја симболизира верата која членовите ги приближува до Бог.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот