X
 09.08.2017 Живот

Пјонгјанг - совршено место за снимање научна фантастика

Францускиот фотограф Рафаел Оливие постојано е во потрага по визуелни приказни и патува на далечни дестинации за да ги фотографира.

Во јули бил во посета на Северна Кореја. Фотографирал големи споменици и воени бази, но и помалку познати места во земјата. Тој го раскажал своето искуство на Си-ен-ен.

фото извор: Raphael Olivier

Оливие вели дека фотографирањето на архитектурата е игра на заведување помеѓу фотографот и предметот. Ако фотографот е заведен од она што го гледа, тука постои емоција. Надворешни фактори се светлото, аглите и леќите. Што се однесува до архитектурата во Пјонгјанг, тој истакнува дека никогаш не бил толку импресиониран – не постојат билборди, мали продавнички, па нема ништо што може да ви го оттргне погледот од масивните градби. Сè е симетрично и вклучена е и хармонија на бои. На улиците се слуша меланхолична музика, која дополнително придонесува за начинот на кој го перципирате местото.

фото извор: Raphael Olivier

Оливие смета дека во Северна Кореја немаат технологија за да креираат друг тип градби. Во неговите фотографии нема многу луѓе затоа што на овој проект имал ограничено време во кое можел да ги реализира фотографиите.

Оливие го посочува Пјонгјанг како визуелно уникатно место, со специјални вибрации, што може и да се види преку неговите фотографии. 

фото извор: Raphael Olivier
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот