X
 07.09.2020 Живот

Совети од искусни архитекти за нивните млади колеги

Секој што работи во полето на архитектурата знае дека е потребна голема посветеност и желба за да се стане архитект. Никој не станува архитект зашто мисли дека е кул или зашто едноставно сака да црта.

Доколку сте млади и неискусни во оваа струка, можеби ќе ви биде од помош ако ги прочитате и слушнете овие совети кои успешните архитекти ги дале во текот на изминатите години.

Заха Хадид: Фокусирајте се и работете напорно

- Морате да бидете многу фокусирани да работите многу напорно, но џабе е работата ако не знаете која ви е целта. Навистина мора да имате цел, таа може да се менува, но треба да имате цел. Треба да знаете што е тоа што се обидувате да го дознаете.

Френк Гери: Бидете свои!

- На моите студенти им велам дека не треба да се грижат дали ќе се случи нешто лошо, треба да бидат свои и да си го најдат својот пат и полека ќе сфатат дека ќе станат експерти во нивната работа...



Питер Ајсенман: Подалеку од архитектурата

- Освен ако не сте навистина посветени да станете архитект во вистинска смисла на зборот, тоа е ужасен бизнис и не би го препорачал никому, освен ако треба да го работите поради некоја лична причина, би рекол насочете се кон бизнис, право, медицина, но немојте да бидете архитекти.

Норман Фостер: Дали навистина сакате да бидете архитекти? Ако не, најдете нешто друго!

Фостер ги советува идните архитекти да се осигурат дека она што го прават е вистинска желба - ако не, едноставно треба да најдат нешто друго.



Даниел Либескинд: Одете по невозможното

- Одете по невозможното.

Бјарке Ингелс: Дизајнирај едноставен и чист утрешен свет

- Живееме во антропогената ера, каде што луѓето не се адаптираат на животот, туку животот се адаптира на човековите потреби - објаснува Ингелс, а неговиот совет до младите архитекти е да дизајнираат едноставен и чист утрешен свет. Тој вели и дека треба да се излезе од меурот на архитектурата и да се сфатат приоритетите на луѓето.


Извор: arch2o
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот