X
 21.06.2018 Технологија

Оваа новина во „Месинџер“ воопшто нема да ви се допадне

„Фејсбук“ никако да се засити од рекламите. Откако ни ја затрупаа почетната, експертите од најпознатата социјална мрежа на светот се свртеа и кон популарната апликација за допишување „Месинџер“. Според најновите известувања, се тестира нова метода на рекламирање која рекламните видеа што самите се пуштаат ги сместува во самата апликација.

Ова значи дека ако „Фејсбук“ даде зелено светло, покрај листата на пријатели и отворените разговори, ќе има и видеореклами - еден од најпрофитабилните рекламни потези на „Фејсбук“ (многу попрофитабилен од статичните реклами).

Судејќи според заработката на „Фејсбук“ во првиот квартал од 2018 година, дури 98,6 отсто од неговата заработка доаѓаат од реклами, заработувајќи 11,8 милијарди долари за нешто помалку од три месеци.

Пробниот период за новината започна овој понеделник, со тоа што пред конечната одлука за воведувањето на истата, главниот глас ќе го имаме ние - корисниците. Имено, маркетинг директорот за „Меснџер“, Стефанос Лукакос, истакна дека на крајот се зависи од интерната статистика и одзивот на јавноста.

-Засега не знаеме ништо. Досегашните резултати не покажуваат никаква промена во начинот на кој корисниците ја користат платформата. Статичните реклами во „Месинџер“ се објавуваат веќе 18 месеци.

Од „Фејсбук“ истакнаа дека воведувањето на видео-рекламите ќе се одвива полека и претпазливо.

Во меѓувреме, на сите оние на кои им се крева косата од самото споменување на рекламите, достапна им е „Месинџер Лајт“ или некоја друга апликација за допишување која не содржи реклами.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија