Средношколците Михаела Хаџиска, Ќендреса Селими, Анастасија Тортевска, Христина Митреска, Лука Грашкоски и Алек Јармов се членови на македонската репрезентација на Балканската математичка олимпијада што ќе се одржи во Кишинев, Молдавија, од 30 април до 5 мај. Членовите на олимписката репрезентација ги објави Сојузот на математичари на Македонија.
Дури четири од шесте олимпијци се ученици од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Скопје (Хаџиска, Селими, Тортевска и Митреска). Грашкоски е ученик во НОВА, Алек Јармов е ученик во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје.