X
 21.06.2019 Технологија

Лондон се подготвува за револуција на електричните автомобили

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, се надева дека на патиштата на овој огромен град повеќе нема да се возат класични автомобили на бензин или дизел, туку ќе се возат електрични автомобили.

Но, за да го реализира овој план, прво треба да ја подготви градската инфраструктура. Во текот на следните години цената на електричните автомобили треба да биде пониска, па така овие возила ќе бидат попристапни и поинтересни за повеќето луѓе. Но, цената не е единствен проблем, туку за сопствениците на автомобили на струја многу поголем предизвик е да пронајдат место каде што ќе можат да ги наполнат батериите.

london

За да го реши овој проблем, Кан најавил план за изградба на инфраструктура за електрични возила што вклучува поставување на околу 50.000 станици за полнење на електричните возила низ Лондон до 2025 година.

Бројот на електрични возила во Лондон во последно време е сè поголем, а со најавениот раст на бројот на станици за полнење оваа бројка би можела да се зголеми за повеќе од 330.000 до 2025 година, предвидуваат научниците. Поставувањето на голем број станици за полнење ќе предизвика револуција на електричните автомобили, вели градоначалникот.

Најголема причина поради која Садик Кан ја почнал електричната еволуција е здравјето на луѓето што живеат во Лондон. Тој вели дека воздухот во главниот град е толку загаден, што претставува здравствен ризик за сите негови жители.

Во моментов Лондон одржува цврсто темпо во однос на поставувањето станици за полнење. Според планот, повеќето возачи ќе можат да ги полнат автомобилите дома, но како што е случај во поголемите градови, жителите често немаат паркинг.

Велика Британија размислува да го помести крајниот рок за емисии на гасови на 2030 или 2035, а не 2040. Ваквите храбри иницијативи ќе значат чекор поблиску до приспособување кон електричните автомобили низ целиот свет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија