X
 10.02.2017 Технологија

Дрон кој се обидува да ја преземе работата на бумбарот


видео

Тажен факт е што популацијата на пчелите е во опаѓање во многу делови од светот. Иако причината за ова научниците се` уште не ја имаат добро анализирано, проблемот ги натера некои технолози да започнат да истражуваат дали беспилотните летала би можеле да ги опрашуваат цвеќињата.

Последните напори доаѓаат од Јапонија, каде истражувачите од Националниот институт за напредна индустриска наука, во Цукуба, се во потрага за нов начин на употреба на лепливите супстанции наречени јонски течни гелови кои имаат невообичаени физички својства.

За да направат дрон кој ќе опрашува, тимот купи дрон од 100 долари од „Amazon“, и додаде парчиња од коњски влакна на долната страна. Експериментот бил успешен - дроновите започнале да ги ослободуваат поленовите зрна.

Како што е прикажано на видеото, истражувачите успеале да ги летнат дроновите во машките и женските делови на розови и бели јапонски лилјани. Ова е прв пат дронови да oпрашат цвеќе.

Сепак, пронајдокот се` уште не е замена за бумбарите. Спореед Џо Трејнор, кој одгледува пчели, вели дека само индустријата на бадеми бара 1.8 милиони улишта со пчели во кои има околу 35 милијарди пчели - за да опрашат речиси еден милион акри бадемови дрва кои секоја година пуштаат околу три трилиони цвеќиња.

„Не гледам технологија која би можела да ги замени пчелите“, вели тој.

dron

Меѓутоа, со оглед на фактот што опаѓа популацијата на овие инсекти, на светот му е потребна итна алтернатива. Во некои делови од Кина, каде што нема пчели, овоштарниците веќе се опрашени од работниците кои се качуваат на дрвјата и со долги четки ги допираат сите цветови.

Јапонскиот тим не е единствениот кој експериментира со дронови. Компанијата „Intellectual Ventures“ водена од Нејтан Марволд, поднесе пријава за патент во 2015 година за летечки опрашувачи чиј план за летање и опрашување се компјутеризира. Тим на полски научници минатата година прикажа видеа од дронови кои со четка ги поминувале пластичните цвеќиња.

Мијако вели дека би било изводливо да се опрашуваат растенијата на отворено со дрон, меѓутоа само со додавање на камера со висока резолуција, GPS, а можеби и вештачка интелигенција.

Причината за намалувањето на популацијата на пчелите за научниците се` уште е несфатлива, иако голем дел од нив се соменваат дека пестицидите играат голема улога. Во јануари американската служба за риба и дивина за прв пат го смести бумбарот на листата на загрозени видови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија