X
 21.08.2017 Технологија

Добрите и лошите страни на беспилотните летала

Беспилотните летала се претворија во „благослов и клетва“ на модерната доба.

Постојат случаи во САД и на други места каде што луѓето ги користат дроновите за доставување наркотици или оружје во затворите, или пак за фрлање експлозиви, како што е примерот со Блискиот Исток.

Технологијата брзо напредува, но полицијата понекогаш не е во тек со тој напредок, односно заостанува во тој поглед. Но, постојат начини да се спречат тие закани, и тоа со напад на електрониката внатре во дроновите. Тоа се прави преку „измама“ на нивниот GPS-систем, користејќи електромагнетни или радиобранови за прекинување на комуникацијата помеѓу оној што управува и дронот, или уништување на електрониката во уредот.

Од друга страна, дроновите може да се користат и за спасување животи. Во хемиската индустрија се користат за инспекција на структурите наместо луѓето, кога работата е опасна. Тоа е особено позитивно кога се работи за структури високи скоро 120 метри. Се поголем број агенции за спроведување закони во САД го користат дронот во истраги, но и за брзо отстранување на сообраќајниот метеж.

Технологијата продолжува да напредува. Софистицирани сензори, како што е ноќниот вид, детектори на метан и рендгенски капацитети, можат да се постават на дроновите. Истражувачите се обидуваат да креираат дронови со минимална големина, колку на инсект. Многумина сметаат дека развивањето на методата за спречување на штетните дејства на овие летала ќе стане еден вид трка во вооружување, додека луѓето продолжуваат да ги употребуваат овие уреди за добросостојба на човештвото.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија